
Елези одигра само две минути пред да се повреди
Играчот за врска, кој летово го засили Сараево, доживеа повреда на рамото на мечот од четвртото коло на босанското првенство, против Посушје. Несреќата се случи по само две минути игра по што Елези беше изнесен од игра за да му се укаже помош, а откако стана јасно дека не може да продолжи, на негово место влезе Ѓорѓевиќ.
Засега нема конкретни информации во врска со тежината на повредата и дали, евентуално, Елези би отсуствувал извесен период. Вториот македонски интернационалец во Сараево, Стефан Ристовски исто така беше во почетната постава на тимот од Кошево.