Словенија трепери - Лука Дончиќ се повреди! (ВИДЕО)

Главната ѕвезда на словенечката кошаркарска репрезентација, Лука Дончиќ заработи повреда на денешниот подготвителен натпревар меѓу Словенија и Летонија.

Тој несреќно се повреди откако негов соиграч му падна на ногата по еден дуел со противнички кошаркар.

Реакцијата на Дончиќ ги загрижи словенечките фанови, тој со куцање го напушти теренот и се упати кон соблекувалната.

Дончиќ треба да биде една од најголемите ѕвезди на Европското првенство, па оваа вест ги загрижи не само Словенците туку и сите љубители на кошарката.

Во наредните денови точно ќе се знае тежината на повредата на Дончиќ, дали тој ќе биде фит до почетокот на континенталниот собир кој почнува на 27 август.