Падна договор - Нејмар останува во Сантос до крајот на годината

И покрај тоа што е повреден и неговото враќање е неизвесно, Нејмар ноќеска го продолжи договорот со Сантос до крајот на 2025 година.

Во својот матичен клуб тој се врати во јануари кога се обврза на шестмесечна верност, сега се договори да ја доврши сезоната таму. Досега одигра 12 натпревари и постигна три гола, а последниот настап го забележа на 17 април.

„Таму каде што почна. Таму каде што никогаш нема да заврши“, напиша Сантос на социјалните мрежи.

Не е исклучено двете страни да ја продолжат соработката и по завршувањето на оваа сезона, но тоа дополнително ќе биде познато.