Нигерија го сомле Мозамбик и избори четвртфинале на Африканскиот куп на нации

Репрезентативците на Нигерија без посериозни проблеми се пласираа во четвртфинале на Африканскиот куп на нации, откако го прегазија Мозамбик со убедливи 4-0.

Лукман беше стрелец на првиот гол за Нигерија во 20. минута од средбата, а само пет минути подоцна погоди и Виктор Осимен. Третиот гол повторно беше дело на Осимен, откако ја искористи асистенцијата на Лукман, додека конечните 4-0 ги постави Адамс во финишот од натпреваро. 

Нигерија во четвртфинале ќе се соочи против победникот од мечот меѓу Алжир и Конго.

Фото: Facebook/Nigeria Super Eagles