„Мора да бидеме паметни, не може да трошиме 150 милиони евра како другите екипи“

Барселона долго време има проблеми со финансиите, па поради тоа не може да троши премногу пари за трансфери, а тоа го посочи и тренерот Ханси Флик на последната прес-конференција пред мечот против Атлетик Билбао.

Флик кажа дека ситуацијата не е најдобра, односно мора да бидат паметни при изборот на нови фудбалери затоа што не можеле да трошат пари како некои други тимови.

„Мора да бидеме паметни со засилувањата, не може да трошиме 100 или 150 милиони евра како некои други клубови“, кажа Флик.

Каталонскиот гигант оваа сезона има солидни резултати, па во Ла Лига се наоѓа на првото место по 19 одиграни меча со 49 бодови.