Глупав потег: Фудбалер на Евертон го доби најбизарниот црвен картон оваа деценија (ВИДЕО)
Евертон поведе уште во 17. минута токму преку Кин, но предноста не успеа да ја задржи. Гостите израмнија во 69. минута со голот на Матеус Мане, а натпреварот заврши со огромни проблеми за домаќините, кои останаа со само девет фудбалери на теренот. Прво беше исклучен самиот Кин, а потоа и Џек Грилиш, што дополнително ја отежна ситуацијата за „карамелите“.
Најголемо внимание, сепак, привлече моментот што му претходеше на исклучувањето на Кин. По прегледувањето на ВАР-снимката, судијата утврди дека 32-годишниот стопер во еден воздушен дуел го повлекол фудбалерот на Вулверхемптон, Толу Арoкодaре, за коса и тоа без никаква логична причина за такво нешто.
Поради неспортскиот и недозволен потег, Кин доби директен црвен картон, а сцената брзо стана вирална на социјалните мрежи и предизвика лавина реакции во англиската фудбалска јавност. Видеото од бизарниот прекршок за исклучување погледнете го ТУКА.