Алармот се вклучи во Барселона: Проблеми за Јамал пред мечот со Атлетик Билбао

Фудбалерите на Барселона вечерва во Џеда ќе се соочат против Атлетик Билбао во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија, а тренерот Ханси Флик е загрижен поради проблемите кои се појавија кај Ламин Јамал.

На последниот тренинг пред вечерашниот дуел, Јамал не се појавил и тоа предизвика загриженост во редовите на каталонскиот гигант.

Засега не е познато дали талентираниот шпански репрезентативец ќе биде во конкуренција за мечот против Атлетик Билбао или ќе ја пропушти средбата.

Добра вест, сепак, за Флик е тоа што се најавува враќање на дефанзивецот Роналд Араухо.