Трагедија: Почина бразилски футсал играч - му се слошило на аеродром во Русија

Светот на футсалот го потресе трагична вест која пристигна од Русија. Бразилскиот фудбалер Алекс Фелипе починал во вторникот на 32-годишна возраст откако му се слошило на аеродром по мечот за неговиот тим Норилск Никел.

Рускиот футсал сојуз објави дека Фелипе се онесвестил по мечот од Рускиот куп, по што докторите на аеродромот веднаш интервенирале и се обиделе да го реанимираат, но за жал не успеале да му го спасат животот.

Фелипе во кариерата играл за бразилски Коринтијанс, шпански Интер Мовистар, португалски Спортинг и уште неколку екипи.