Немили сцени пред ковчегот на Марадона: Се степаа граѓаните со полицијата! (ВИДЕО)

Аргентина плаче по својата најголема легенда Диего Армандо Марадона, кој чина вчера во својот дом од срцев удар. На збогувањето со Аргентинецот се очекуваат пвеќе од милион луѓе, а притоа беа забележани и немили сцени.

Ковчегот на Марадона е изложен претседателскиот палата и во следните 48 часа Аргентинците ќе може да се збогуваат со него.

Збогувањето со Марадона почна во 12 часот, а голем број луѓе се собраа со часови порано за да добијат шанса да го поздрават фудбалскиот бог, сепак се случи и инцидент кога се степаа дел од граѓаните со полицијата во обид да ја пробијат оградата.

И обезбедувањето пред ковчегот имаше проблеми, зашто дел од граѓаните сакаа да се приближат, но тоа не им е дозволено.