Некој лаже: Јамал ја демантираше порно актерката!

Тинејџерот од редовите на Барселона Ламин Јамал по завршувањето на сезоната е во центарот на вниманието на медиумите поради работи кои не се поврзани во фудбалот.

Изминатите денови се пишуваше за неговиот одмор во Сицилија со 29-годишната Фати Васкез, а сега неговото име се поврзува и со актерката од филмови за возрасни, Клаудија Бавел.

Актерката во објави дека фудбалерот ја поканил во неговиот дом, но Јамал тврди дека тој немал интерес за средба помеѓу нив двајца.

„Всушност, тој го побара мојот контакт и инсистираше на средба. Демантира дека сме се сретнале, иако имаме повеќе средби на јавни настани. Никогаш не сум имала намера да извлечам слава или финансиска добивка од ова. Единствено околу што сме на иста линија е дека не се случила приватна средба,“ гласеше изјавата на Бавел која ја демантираше Јамал.

Исто така Бавел тврдеше и дека неодамна повторно добила порака од Јамал во која младиот фудбалер ѝ се заканувал да не објавува детали од разговорите.