На „Етихад“ денеска пристигнува засилувањето од 35 милиони евра!

Eкипата на Манчестер сити постигнала договор со Лион за трансфер на еден од најбараните фудбалери во Европа, Рајан Черки.

Черки според информациите на „Л’Eкип“ со Манчестер исти ќе потпише договор на пет години, а Лион ќе добие оштета од 35 милиони евра со дополнителни бонуси.

Се наведува и дека „граѓаните“ денеска ќе ги завршат медицинските прегледи со цел Черки да биде подготвен за настап на Светското клупско првенство.

Договорот на Сити за Черки следи само неколку дена откако клубот се договори и со Аит Нури од Вулвс и Тијани Рејндер од Милан, па така јасно е дека во новата сезона гигантот од Манчестер ќе влезе со изменет состав.

Фото: Olympique Lyonnais/FB