Лудница во Бразил: Останаа без титула поради милиметарски офсајд во – 97. минута (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интернационал повеќе од четири децении чекаат на шампионска титула и синоќа, во еден момент, помислија дека е ставен крај на лошата традиција, откако во дуелот со Коринтијас постигнаа погодок за 1-0 во 97. минута од натпреварот, кој им го носеше првото место на крајот на првенството во Бразил.

Но, нивната радост траеше кратко, со оглед на реакцијата на помошникот, а потоа и од ВАР-собата од каде што сакаа да го проверат овој момент. Набрзо потоа, одлуката беше дека голот е поништен поради милиметарски офсајд, што беше втор погодок на Интернационал кој не беше признат на овој натпревар, а им беше сменета одлуката за досуден пенал.

Средбата на крајот заврши со резултат 0-0, кој беше идеален за Фламенго, кој и покрај поразот од Сао Пауло, го освои посакуваниот трофеј. Сите играчи на Интернационал не можеа да поверуваат што им се случи, па по последниот свиреж на судијата паднаа на тревникот и почнаа да плачат.