Легендарниот Иниеста ќе оди на Светско првенство!?

Легендата на Барселона, Андрес Иниеста веројатно ќе биде дел од Мундијалот во САД, Канада и Мексико, тој ќе биде назначен за нов спортски директор на репрезентацијата на Мароко.

Од синоќа Валид Реграгуи повеќе не е селектор на мароканската репрезентација откако одлучи да се повлече по големиот притисок од јавноста поради поразот во финалето на Африканското првенство.

Иако го пласираше Мароко на Светското првенство, тој нема да ја води репрезентацијата. Мароканците наскоро ќе го назначат новиот селектор.

Во меѓувреме од Мароко стигнува информација дека дел од репрентацијата на оваа земја ќе биде Андрес Иниеста. Тој прифатил понуда да биде нов спортски директор на националниот тим.

Поранешниот ас на Барселона и шпанската репрезентација, кој се смета за еден од најдобрите играчи за врска во историјата на фудбалот, постигнал договор со мароканската федерација и ќе има важна улога во организацијата на тимот пред претстојниот Мундијал.