Наинголан: Подобар бев од Погба, само Видал и Де Роси беа на мое ниво
Според него, Погба во кариерата одиграл само три години фудбал на високо ниво.
„Во мојата ера во Серија А само Видал и Де Роси беа подеднакво добри како мене. Погба? Јас бев подобар од него, тој во целата кариера имаше само три добри години.“
Нема премногу високо мислење Белгиецот и за денешните тренери.
„Гледајќи кој сè се занимава со таа работа, мислам дека и јас би можел да бидам тренер“, порача Белгиецот во својот препознатлив стил.