Легенда на Арсенал избркал дете од дома - носело аргентински дрес!
Англија и Аргентина имаат долгогодишно ривалство, како на теренот, така и надвор од него. Односите меѓу двете земји се обележани и со конфликтот околу Фокландските Острови, а сега ќе се сретнат во прв официјален натпревар по Светското првенство во 2002 година.
Влогот е огромен, победникот ќе избори место во големото финале на Мундијалот, додека поразениот ќе мора да се помири со елиминација од еден од своите најголеми спортски ривали.
Колку е голем анимозитетот меѓу двете нации најдобро објасни Мерсон. Поранешниот ас на Арсенал, кој одигра повеќе од 300 натпревари во дресот на „топчиите“, откри дека не му дозволил на едно дете да влезе во неговиот дом затоа што носело дрес на Аргентина.
„Во полуфиналето играме против репрезентација која не нè сака, да бидеме искрени. Не можам да разберам една работа. Мојот син неодамна дојде дома со другар кој носеше дрес на Аргентина. Го прашав: 'Рекс, мислиш ли дека во Аргентина има деца кои шетаат со дрес на Англија?'“, изјави Мерсон.
Тој потоа објасни што се случило.
„Не знам ни зошто кај нас воопшто се продаваат аргентински дресови. Би разбрал ако е дрес од времето на Марадона, тоа е стара школа. Искрено, не му дозволив да влезе во куќата. Му реков прво да оди да се пресоблече, а потоа се врати облечен во дрес на Шпанија“, откри Мерсон во интервју за „Скај спортс“.