Битка за „Златната топка“, растат шансите на Меси!
Хари Кејн на Мундијалот пристигна како главен фаворит, откако оваа сезона постигна дури 74 голови, што претставува втора најефикасна сезона во историјата на фудбалот, веднаш зад рекордната на Лионел Меси од 2012 година.
Иако Кејн останува во самиот врв на кандидатите, според најновите проценки на аналитичарите, повеќе не е прв фаворит. Предноста сега му припаѓа на извонредниот Килијан Мбапе, кој блеска во дресот на Франција на Светското првенство.
Според актуелните проценки, Мбапе има 32 проценти шанси да ја освои „Златната топка“, додека Кејн е веднаш зад него со 29 проценти. Практично, многу ќе зависи од тоа кој ќе стане светски шампион, доколку титулата ја освои Франција, големи се шансите признанието да заврши кај Мбапе, а ако Англија стигне до трофејот, Кејн ќе биде во пол-позиција.
Во трката се вклучува и Лионел Меси, кој сега е трет фаворит со 13 проценти шанси. За да стигне до осмата „Златна топка“, аргентинската легенда ќе треба да продолжи со одличните настапи до крајот на Мундијалот и да ја предводи Аргентина до нова светска титула.
Сепак, аналитичарите сметаат дека дури и во такво сценарио Меси нема да биде сигурен победник, бидејќи настапува во МЛС лигата, која се смета за значително помалку конкурентна во однос на водечките европски шампионати.
По тројцата главни фаворити, на листата кандидати за „Златната топка“ следуваат: Дембеле, Белингам, Јамал, Олисе...