Вардар ослабен ќе брка негатива со КуПС

Во утрешниот реванш против КуПС во кој ќе брка негатива од два гола од првиот натпревар во Скопје, македонскиот шампион ќе биде и ослабен.

Фабијани на денешната прес-конференција пред откри дека нема да ги има на располагање Торес и Босанчиќ, сепак потенцираше и дека на тоа не треба да се гледа како хендикеп.

„Ќе ги немаме во тимот Торес и Босанчиќ, но на тоа не смееме да гледаме како хендикеп, туку целиот тим очекувам да се бори да ги надополни нив. Сите играчи кои се во ростерот мора да сфатат дека нема прва и втора екипа, туку секој што ќе добие шанса, да даде максимум затоа што го носи дресот на Вардар“, истакна аргентинскиот стратег.

Дуелот помеѓу КуПС и Вардар утре во Финска е закажан за во терминот од 17:00 часот.