ФИБА го смести МЗТ Скопје во последниот барабан за ждрепката за Европа купот
Од оваа сезона ќе учествуваат 48 екипи, поделени во шест шешири за ждрепката, а единствениот македонски претставник, шампион МЗТ Скопје се најде во шестиот. Такво нешто и беше очекувано бидејќи последен пат во натпреварувањата на ФИБА, тимот од Аеродром учествуваше пред 26 години. Заедно со „штрковите“, во последниот шешир се уште Батуми од Грузија, Генче од Азербејџан, Манчестер од Велика Британија и Виена од Австрија.

Во секоја група ќе има по шест екипи што значи дека МЗТ Скопје го очекуваат десет натпревари. Учесниците во ФИБА Европа купот не се од европскиот крем, но има солидни екипи како Жирона, Елан Шалон, Нанси, потоа поранешниот европски шампион Сплит итн.