Комедија во Бразил: Клуб се збогуваше со свој фудбалер со негови киксови! (ВИДЕО)
Амазонас, покрај официјалното соопштение за прекин на соработката објавено на социјалните мрежи додаде и видео-компилација со четири грешки на Коел од минатата сезона кои директно довеле до примени голови.
Објавата дојде само два дена откако 33-годишниот стопер го тужеше клубот пред барајќи раскин на договорот и исплата на долгот.
Лео Коел ја поднел тужбата на 10 јули, во која бара раскин на договорот и исплата на 8,1 милиони бразилски реали, сума која изнесува нешто помалку од 1,4 милиони евра.
Во тужбата се наведува дека клубот му должи пет месечни плати, како и дека од потпишувањето на договорот не биле уплаќани придонеси во бразилскиот фонд за отпремнини на вработени.
Дефанзивецот тврди дека клубот не ги исполнувал ниту другите обврски, меѓу кои и оние поврзани со правата за користење на неговиот лик. Поради тоа, побарал привремена судска мерка со која веднаш би станал слободен играч за да пронајде нов ангажман.