Фабијани: Нема очајнички да бркаме резултат, сакам да видам организаран Вардар
Тренерот Фабијани на прес-конференцијата пред дуелот нагласи дека утре сака да види промена на менталитетот кај фудбалерите.
„Важно ми е на овој натпревар да го смениме менталитетот. На првиот меч до голот игравме добро, но примивме гол во најлош можен момент пред крајот на полувремето. Најголема предност на КуПС е што се во натпреварувачки ритам, имаат повеќе мечеви од нас и тоа го гледам само како плус за нив. Ние нема очајнички да влеземе во овој натпревар и безглаво да бркаме резултат. Сакам да видам еден организиран Вардар на теренот кој ќе се бори за секоја топка и педа на теренот. Сакам ред и дисциплина, сѐ да биде плански и постепено“, изјави Фабијани.
Натпреварот во Финска утре е закажан за во терминот од 17:00 часот, директен пренос ќе има на програмите на Арена Спорт Македонија.