Mекрегор не се откажува, сака уште една борба!
Ирецот го повреди коленото уште во првите секунди од мечот, а борбата која беше закажана во пет рунди беше прекината откако уште двапати падна при обидот да продолжи.
„Операција, подготовка за операција. Враќање на тренинзите со боречки вештини и одиме назад. Последната борба од договорот. Ако даде Господ“, напиша Мекгрегор, со што порача дека и покрај новиот прекин на кариерата има намера повторно да настапи во УФЦ.
Ден претходно се огласи и неговиот менаџер Џон Каванаг, кој истакна дека Мекгрегор немал претходна повреда на коленото.
„Тој почетен скок и промената на ставот со ударот ги вежбавме секојдневно со месеци, повеќепати и за време на загревањата. Никогаш немаше никаков проблем. Коленото настрада при првиот удар. Полошо од ова не може“, изјави Каванаг.
Засега не се објавени детали за сериозноста на повредата, ниту за можниот датум кога би се вратил.