Ѓорческа не ја скокна првата пречка на челенџерот во Рим

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја скокне првата пречка на челенџер турнирот во Рим каде што загуби од домашната претставничка Дебора Киеза со 2-1 во сетови.

Мечот донесе голема борба која траеше речиси три часа, а Лина тргна со освоен сет по тај-брејк. Двете тенисерки не беа сигурни на свој сервис и по двапати го загубија до 3-3 за потоа ниту една да на неправи нов брејк.

Во тај-брејкот Ѓорческа покажа многу поголема сигурност и со 7-1 го освои сетот. И вториот сет донесе изгубени сервиси на двете страни, Ѓорческа трипати направи брејк, а нејзината противничка четири што беше доволно со 6-3 да израмни на 1-1.

Со идентични 6-3 Киеза го освои и последниот трет гем за конечна победа и пласман во осминафиналето.

За Ѓорческа ова беше прв турнир по настапот на Вимблдон каде што дојде до првото коло и беше елиминирана од Аманда Анисмова.