Колумбијките се во финалето на Копа - и пак удрија по нашата Пројковска! (ВИДЕО)

Maкедонската најдобра судијка Ивана Пројковска доби прилика како единствена од Европа да суди на Копа Америка, а изминатата вечер делеше правда и во полуфиналето помеѓу Колумбија и Аргентина.

Натпреварот не донесе многу сериозни прилики за гол, а се решавааше по изведувањето на пенали откако во регуларниот дел и продолженијата немаше погодоци. На крајот се радуваа Колумбијките кои и покрај тоа што се пласираа во финалето имаа критики за арбитражата на Пројковска.

Од редовите на Колумбија на Пројковска најмногу ѝ замеруваат што не покажа на белата точка при еден блокиран удар од аргентинската фудбалерка, а во критиките се нагласува и дека ова не е прва ситуација во која според нив КОНМЕБОЛ ја „турка“ Аргентина.

„Господа од КОНМЕБОЛ нека не биде толку очигледно дека ВАР на Копа Америка служи за помош на Аргентинките“, гласи еден коментарите.

Но, колумбиските фанови се незадоволни и од комплетната арбитража во натпреварот.

„Ниту ужасното судење на Пројковска не успеа да ја исфрли Колумбија, иако во текот на натпреварот констатно судеше на наша штета“, истакнува друг фан.

Кога е пенал серијата за Колумбија не реализираше само Рамирез, додека кај Аргентинките не погодија Грамиља и Стабиле.