Танкоски: Се надевам дека ќе нѐ посака среќата во новата сезона

Македонскиот репрезентативец Марио Танкоски е еден од оние кои останаа во редовите на Вардар меѓу двете сезони.

За разлика од најголемиот дел од актуелните ракометари во тимот, тој знае како се освојуваат титула во македонската Суперлига, но се надева дека ќе дојде до својот четврти трофеј во кариерата.

„Ова ми е мене втора сезона во Вардар, се надевам дека во неа ќе не посака среќата и ќе ја освоиме титулата која во претходната кампања ни избега во последното коло. Можеме да бидеме задоволни од ждрепката во групата во ЕХФ Европската лига иако има нагазни мини. Не би требало да потцениме никого, се надеваме дека подолго ќе остане во Европа од минатата сезона, но да одиме чекор по чекор“, рече 27-годишниот бек