Фиорентина го уништи Кремонезе и избега подалеку од опасната зона!

Фудбалерите на Фиорентина триумфираа со 4-1 на гостувањето кај Кремонезе и освоија важни три бодови со кои избегаа подалеку од опасната зона.

Фабиано Паризи и Роберто Пиколи стрелаа во првото полувреме за екипата од Фиренца (2-0), а на стартот на вториот дел погоди и Додо за 3-0, по што стана јасно дека Кремонезе тешко ќе се врати од оваа позиција.

Давид Окереке погоди за 1-3 во 57. минута и ја врати надежта кај домаќинот, но Алберт Гудмундсон набрзо стрелаше за конечни 4-1.

Фиорентина има 28 бодови на 16. позиција во лигата, односно четири поени повеќе од Кремонезе кој е во зоната за испаѓање од Серија А.

Фото: Facebook/Fiorentina