Претседател на бугарски клуб пронајден мртов во автомобил (ВИДЕО)

Страшна вест ја потресе бугарската јавност, откако претседателот на бугарскиот тим ОФК Поморје, Христо Бургазлиев бил пронајден мртов во автомобилот „Ауди“ во Бургас.

„ЕраНова“ објави дека постојат две верзии за смртта на бугарскиот бизнисмен, односно едната е дека се самоубил во возилото, додека втората според нивни информации е дека непознато лице го застрелало додека бил во возилото.

Полицијата ги земала снимките од безбедносните камери во околината и отворила истрага за случајот, па се очекуваат повеќе детали наскоро.