Ден на изненадувања: Работнички го доби Башкими, Пелистер издржа во Кратово! (ВИДЕО)

Со двата денешни натпревари во Куманово и Кратово беше затворено 23. коло, а и во двата дуели денеска видовме изненадувања.

Работнички неочекувано го изненади Башкими со 2-1 кој во дуелот влезе со две победи во низа, дебармаалци со овие три бода се доблина четири бода од Македонија Ѓорче Петров која е на деветата позиција, првата која обезбедува плеј-оф место директно испаѓање.

Тимот на Работнички ја игра една од најлошите сезони и се наоѓа на претпоследното место со 19 бода, само веќе отпишаниот Шкупи со еден бод е зад нив. Но, денеска успеаа да го изненадат Башкими кој за своите очекувања игра солидна сезона и се наоѓа на шестата позиција.

Резултатот во Куманово по една грешка на одбраната на домаќините во 11. минута го отвори Муарем и тоа беше единствен гол во првото полувреме. Во вториот дел на дваесетина минути пред крајот Талаков зголеми на 2-0, додека во 79. минута Aлексовски го постави конечниот резултат.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by PrvaMFL (@prvamfl)

Во вториот натпревар, уште еден тим од опасната зона Пелистер кој е 10-ти успеа да остане непоразен против Силекс и тој дуел заврши без голови. За кратовчани ова реми значи и влегување во една мини криза бидејќи веќе три натѕпревари се без победа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by PrvaMFL (@prvamfl)