Регионална лига на повидок: Најголемите македонски клубови би играле со ривали од Србија и Црна Гора!
Наводно системот за кој се разговарало било 4-4-2, односно Србија и Македонија да имаат по четири претставници, а Црна Гора два. Конечниот договор би можел да биде постигнат следниот понеделник за кога е закажан состанок во Белград, пишува „Моцартспорт“.
Планот е екипите што ќе настапуваат во ова натпреварување да не играат во првиот дел од домашното првенство, што значи дека и македонската Суперлига ќе мора да претрпи одредени промени во системот на натпреварувањето.
Според најавите лигата би се играла во двокружен систем со 18 кола, секој против секого, а потоа кон крајот на март наредната година би следел завршен турнир. Кога е Македонија во прашање не би требало да има изненадувања и четирите клуба би биле: Вардар, Пелистер, Охрид и Алкалоид. Од Србија место би имале Партизан, Војводина, Динамо Панчево и Дубочица, а од Црна Гора веројатно Ловќен и Будванска ривиера.
Планирано поради европските обврски на екипите, натпреварите да се играат во текот на викендите, а исто така наводно постои можност и преку ова натпреварување да се обезбедува место во некое меѓународно натпреварување, тоа реално би можело да биде возможно од сезоната 2027/2028.