Нејмар залудно се надеваше - не доби повик од Анчелоти! (ФОТО)

Бразилскиот фудбалер Нејмар се надеваше дека ќе добие повик од селекторот Карло Анчелоти за пријателските натпревари против Франција и Хрватска, но на крајот доби лоша вест од татковината.

Анчелоти не го повика Нејмар за пријателските средби на 26 март и 1 април, а тоа значи дека Бразилецот нема да настапи за татковината на последните дуели пред Светското првенство (СП).

Нејмар се бореше да добие повик за Мундијалот, кој се игра ова лето, но како што стојат работите тоа нема да се случи и Бразилецот нема да патува со сонародниците.

Натпреварот меѓу Бразил и Франција се игра на 26 март, а потоа на 1 април ќе се соочат Бразил и Хрватска.