Славен Белупо не го дава Несторовски: Македонецот потпиша нов договор!

Македонскиот интернационалец Илија Несторовски е важен фудбалер на Славен Белупо, а тоа го потврди и управата на хрватскиот тим која му го продолжи договорот.

Хрватски „Германијак“ пишува дека Славен Белупо решила уште две прашања во составот, односно им ги продолжила договорите на Несторовски и неговиот соиграч Љубан Црепуља.

Несторовски потпишал договор со Славен Белупо на уште една сезона, односно треба да остане во клубот до јуни 2027 година.

Македонскиот напаѓач оваа сезона настапи на 21 меч за екипата и притоа постигна шест голови и три асистенции.

Фото: Facebook/NK Slaven Belupo