Обрадовиќ првпат за својата иднина: Во јуни ќе одлучам
За време на посетата на Словенија, тој разговараше со локалните медиуми, а главното прашање беше едно: Дали се враќа на тренерската работа? Обрадовиќ нагласи дека е исклучително задоволен од она што го направил во својата кариера што трае 35 години. Кој е следниот чекор во неговата кариера, ќе одлучи во јуни.
„Јас сум многу среќен човек бидејќи можев да правам нешто што многу го сакам. Тоа ме исполни. Во моментов сум на пауза, во јуни ќе разговарам со себе и со моите најблиски и ќе одлучам како и што да правам понатаму во врска со тренерскиот ангажман. Ако одлучам да работам, тоа значи дека сум нашол мотивација. Тоа е нешто што го движи секој од нас, во секаков вид работа“, рече Обрадовиќ.
Трофејниот стручњак не сакаше да зборува за тоа каде, евентуално, би ја продолжил кариерата, но и дали има понуди на негова адреса.