Вулверхемптон не се предава - освои бод и на гости кај Брентфорд!

Фудбалерите на Вулверхемптон денеска освоија голем бод на тешкото гостување кај Брентфорд (2-2) во 31. коло од Премиер лигата.

Кајоде во 22. минута и Тиаго во 37. минута погодија за предност од 2-0 на Брентфорд, но набрзо Армстронг стрелаше за гостите и намали на 1-2 пред крајот на првото полувреме.

Вулверхемптон стигна и до втор погодок во завршницата од средбата преку Арокодаре за конечни 2-2.

Иако делуваше дека Вулверхемптон ќе испадне лесно од Премиер лигата, сепак фудбалерите на тимот влегоа во добра форма во изминатиот период и покажаа дека нема лесно да се предадат.

Вулверхемптон, сепак, има само 17 бодови на последната позиција, односно 13 поени помалку од безбедна позиција во лигата.