Како Манчестер сити се спасил од згаснување - еден трансфер променил се!

Манчестер сити денеска е еден од најбогатите и најмоќни клубови во светот, но во 2005 година ситуацијата во овој клуб била поразлична, а тоа го откри поранешниот репрезентативец на Англија и фудбалер на овој клуб, Шон Рајт-Филипс.

Ако веруваме во изјавата на Филипс со неговата продажба во 2005 година во Челси Манчестер сити се спасил од згаснување. Тоа се случувало три години пред влегувањето на арапските сопственици во клубот.

„Тоа лето кога заминав, слушнв и дека Арсенал е заинтересиран за мене. Имаше и некои контакти, но јас им кажав дека сум среќен во Манчестер сити и не сакав да одам во друг клуб“, изјави Филипс.

Место Арсенал се појави Челси кој го купи за тогаш огромни 32 милиони евра.

„Му кажав и на менаџерот дека не сакам да одам и во Челси, но тогаш добив одговор дека немаме избор и бев принуден да прифатам. Деталите не ми ги објасни“, раскажа поранешниот англиски репрезентативец.

На крајот дознал дека го продале на Челси затоа што тие понудиле повеќе пари и така клубот бил спасен од згаснување.

„Неколку месеци подоцна дознав дека клубот би згаснал ако тогаш не ме продале. Благодарение на оштетата која ја добија за мене успеаа да се изборат да постојат“, откри Филипс.

Филипс во Челси не се прослави и по три сезони во Манчестер сити, а играше и за Квинс Парк Ренџерс. За репрезентацијата на Англија одигра 36 натпревари и постигна шест гола, кариерата ја заврши во 2017 година во американскиот Феникс Расинг.