Вилјареал го совлада Хетафе и се врати во трка за топ-4 во Ла Лига

Фудбалерите на Вилјареал триумфираа на гостувањето кај Хетафе со 2-1 во 29. коло од шпанската Ла Лига и освоија важни три бодови во трката за позициите кои водат во Лигата на шампиони (ЛШ).

Ајозе Перез го отвори резултатот во 15. минута од натпреварот, додека Карлес Перез израмни на 1-1.

Францускиот фудбалер Тирно Бери беше стрелец на вториот гол за „жолтата подморница“ во 33. минута, по што резултатот не се менуваше до крајот на натпреварот.

Вилјареал е на петтата позиција со 47 бодови, односно пет помалку од Атлетик Билбао.