
Има годишна плата од 24,5 милиони евра, но не е среќен - бара раскин на договорот!
Тој а вториот најплатен дефанзивец во светот, првиот е Калиду Кулибали кој добива 35 милиони евра од Ал Хилал.
„АС“ пишува дека Лапорте договорил раскин на договорот по крајот на сезоната, а како причина го навел лошиот однос со тренерот Пиоли.
Лапорте беше изоставен од полуфиналето на азиската Лига на шампиони против Кавасаки, а тоа е показател за проблемите кои ги има.
Овој случај на Лапорте е уште еден показател дека не е се во парите. Тој најверојатно ќе се врати во Европа, во некој од најдобрите клубови.