Родриго веќе не сака да одигра за Реал - ниту една минута!

Мадридскиот весник, „Марка“ пишува дека Родриго е разочаран од повеќе работи во Реал Мадрид и не сака веќе да игра за овој тим, голема е веројатноста дека веќе го одигра последниот меч.

Дека односот на Родриго со останатите не е добар, се виде уште на Ел Класико, Бразилецот не доби ниту една минути да одигра, а на теренот влезе дебитант.

Денешното издание на „Марка“ тврди дека фудбалерот веќе не сака да игра за Реал Мадрид, ниту минута повеќе. Неговиот однос со соиграчите е нарушен, но и со управата на клубот.

Родриго се чувствува запоставено во однос на Мбапе, Белингем и Винисиус. Смета дека дава голем придонес за тимот, а никој не му го вреднува тоа.

Реал Мадрид ќе го продаде Родриго на лето, клубот ќе гледа да добие колку што е можно повеќе пари за Бразилецот кои потоа ќе ги инвестира во засилувања за дефанзивната линија.