
Капело не може да го спореди Јамал со Меси и Марадона, но може со Роналдо
Како што вели Капело, Јамал не го гледа како феномен, туку само како квалитетен фудбалер со огромен потенцијал.
„Ламин Јамал е фудбалер со многу квалитети и огромен потенцијал за напредок, но не го гледам како феномен. Меси и Марадона правеа работи кои никој не можеше ни да ги замисли. Засега, не можам да го споредам со нив“, изјави Капело.
Капело направи споредба и со Кристијано Роналдо, истакнувајќи ја разликата меѓу бројките и чистиот фудбалски талент.
„Не зборувам за бројки, зборувам за квалитет и генијалност. Кристијано Роналдо е импресивен играч... Колку голови има постигнато? Повеќе од сите, но сепак не може да биде како Меси или Марадона“, објаснува Капело.
И покрај оваа анализа, Капело изненади со ставот дека би гласал токму за Ламин Јамал за Златната топка.
„Мојот глас за Златната топка би бил за Ламин Јамал. По него, Винисиус и Мбапе“, одговори Капело.
Фото: FIFA/X