
Славен Белупо и Риека ремизираа: Несторовски и Манев ќе решаваат за титулата во реваншот
Риека прва постигна гол на натпреварот, и тоа преку Тони Фрук во 25. минута, додека Славен Белупо успеа да израмни во 68. минута преку Антонио Босец.
Македонскиот интернационалец Илија Несторовски го одигра цел меч за Славен Белупо, додека Јован Манев не доби шанса од клупата кај Риека.
Реваншот меѓу тимовите е закажан за 29 мај на стадионот на Риека од 19 часот.
Фото: NK Slaven Belupo