Реал го договори првото летно засилување - холандски стопер од Борнмут

Фудбалерот на Борнмут, Дин Хујсен ќе биде прво засилување за Реал Мадрид во летниот преоден рок, соопшти вечерва Фабрицио Романо.

Тој тврди дека Реал и Борнмут постигнале договор за отштета во висина од 50 милиони фунти, сума која треба да се плати до крајот на 2026 година. Останува уште да се договорат мадридскиот клуб и Хујсен, но се претпоставува дека тоа нема да биде голем проблем.

Холанѓанецот има искуство од играње во Рома и Јувентус и треба да ја засили одбраната на Реал која е исклучително слаб дел од тимот, делумно поради големиот број повреди. Со оглед на тоа што има 25 години, Хујсен би можел да биде долгорочно решение за „кралскиот клуб“.