Работнички на работ од бездната, ТФТ пред историско финале (ФОТО)
Работнички одигра многу добро во првата четвртина (24-16), за разлика од нивниот ривал кој имаше само 31,6 отсто на реализирани удари од игра, а ТФТ до полувреме успеа да намали на пет поени негатива (32-37).
Проблемите за екипата од Центар почнаа во второто полувреме, кога во третата четвртина постигна само 11 поени, додека ТФТ успеа да го сврти мечот во своја корист (56-48) и да замине со солидна предност во последните 10 минути.
ТФТ успешно го бранеше водството во завршницата од дуелот, иако Работнички се обидуваше да ја врати неизвесноста, меѓутоа на крајот мораше да го прифати вториот пораз со кој дојде на раб на елиминација. Ташовски постигна 20 поени за победничкиот состав, додека Ѓуроски со 18 поени беше најефикасен кај Работнички.
Третиот натпревар меѓу ТФТ и Работнички е закажан за 17 мај, а екипата од Тафталиџе ќе има историска шанса да се пласира за првпат во големото финале.