Најдобрата светска тенисерка елиминирана во четвртфиналето во Рим

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка доживеа пораз во четвртфиналето од Мастерсот во Рим откако вечерва загуби од Чинвен Женг од Кина со 0-2 (4-6, 3-6).

Мечот траеше 98 минути, а Женг, која е осма на ВТА листата, три пати ѝ зеде брејк на Сабаленка која, пак не направи ниеден брејк. Ова е чекор назад за Сабаленка, имајќи предвид дека лани стигна до финалето каде беше поразена од Ига Швјонтек.

Во полуфиналето, Женг ќе се сретне со Коко Гоф која беше подобра од Мира Андреева од Русија.