Абутовиќ останува во Битола - потпиша нов договор со Пелистер!

Актуелниот македонски шампион Пелистер денеска го продолжи договорот со искусниот ракометар Илија Абутовиќ, кој стави потпис на соработка до крајот на следната сезона.

Пелистер преку социјалните мрежи потврди дека Абутовиќ и во сезоната 2025/26 ќе биде еден од лидерите на екипата.

„Продолжува нашата тенденција шампионите да продолжат да го носат нашиот дрес и во иднина. Ни претставува особено задоволство што постигнавме договор за продопжување на соработката со Илија Абутовиќ. Српскиот интернационалец и во сезоната 2025/26 ќе настапува за Еурофарм Пелистер и со своето искуство и квалитет ќе биде еден од лидерите на нашиот млад тим. Неговата сезона, неговите настапи и победничкиот ген уште еднаш ни потврдуваат дека направивме вистински потег што го доведовме минатото лето“, соопшти Пелистер.

Абутовиќ го носеше дресот на поранешниот европски првак Вардар од 2011 до 2018 година, а исто така играше и за Спартак Суботица, Партизан, Слован, Рајн-Некар Левен и Шартр пред да се пресели во Битола.

Фото: Facebook/RK Eurofarm Pelister