
Охрид остана без лидер во нападот: Орјоникидзе ќе паузира до крај на годината!
Орјоникидзе заработил повреда на предните вкрстени лигаменти и ќе паузира до крајот на 2025 година.
„Ударната игла во нападот на ГРК Охрид Теимураз Орјоникидзе заработи тешка повреда на предните вкрстени лигаменти која ќе го оддалечи од терените 7-9 месеци. Му посакуваме добро опоравување и да ни се врати уште посилен во синиот дрес на Охрид. ГРК Охрид е со Темо“, соопшти Охрид.
Охрид се наоѓа на четвртата позиција во плејофот со пет бодови, додека пред нив се Алкалоид, Пелистер и Вардар.