Брера грешеше, Љуботен казнуваше за трет трофеј во низа во купот! (ФОТО)
Во денешното финале против Тиверија Брера беа подобар противник од самиот старт и на крајот заслужено стигнаа до трофејот, иако сите три гола дојдоа по грешки на противничките фудбалерки.
Во првото полувреме иако тимот од Тетово имаше иницијатива, сепак се до 45 минута кога реализираше Охадиве не видовме погодок.
По смо четири минути игра во вториот дел истата фудбалерка го искористи истрчувањето на голманката на Брера и со нов лоб зголеми на 2-0.
Првата посериозна прилика фудбалерките на Брера ја создадоа во 55. минута, меѓутоа не реализираа. Во продолжение и Љуботен пропушти неколку прилики и за поубедлив триумф за конечните 3-0 да бидат поставени во самата завршница кога Панчуровска на голот на Брера имаше уште едно лошо истрчување, а сега стрелаше Ева Величковска.
За Љуботен ова е четврти трофеј додека од редовите на Брера остануваат на својот еден освоен во сезоната 2017/18. Поразени во финалето беа и уште двапати во 2016/2017 и 2018/2019.