Родриго сите веќе го преселија од Мадрид, сега за првпат се огласи (ФОТО)

По сезоната без поголеми трофеи, во Реал Мадрид веќе се подготвува голема реконструкција, Алонсо пристигнува на клупата, но се најавуваат и сериозни промени во играчкиот кадар.

Во таа насока, деновиве во шпанските медиуми се појавија информации дека бразилскиот офанзивец Родриго би можел да го напушти клубот.

Според шпекулациите, 23-годишниот фудбалер наводно не бил задоволен од својот статус во тимот, а како главен кандидат за негов ангажман се споменуваше Арсенал, но спорред реакцијата на самиот фудбалер на социјалните мрежи од тоа нема да има ништо.

„Ви благодарам за сите пораки и грижа. Брзо ќе се вратам. Престанете да измислувате“, напиша Родриго.

Со оваа кратка, но јасна порака, Бразилецот стави точка на шпекулациите, барем за сега, а мадридските навивачи можат да здивнат додека ги чекаат следните потези на клубот во летниот трансфер период.