
Киеза се враќа во Италија и ќе игра во Лигата на шампионите?
Киеза, кој своевремено важеше за еден од најдобрите крилни фудбалери во Европа, не успеа да се наметне во силната конкуренција во Ливерпул. Поради тоа, се најавува дека ова лето ќе ја промени средината.
Според пишувањата на „Газета дело Спорт“,Наполи, актуелниот лидер на Серија А, е заинтересиран да го врати Киеза во Италија. Наводно, клубот сака да го доведе на позајмица со право на откуп, а самиот фудбалер, роден наводно смета дека понудата е и тоа како примамлива бидејќи со Наполи би играл и во Лигата на шампионите..
Киеза минатото лето се пресели од Јувентус во Ливерпул за 12 милиони евра, но настапи само 13 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и две асистенции.
Фото: Liverpool FC/X