Анчелоти остана без 12 ѕвезди за мечот со Мајорка (ФОТО)

Италијанскиот тренер Карло Анчелоти вечерва ќе го предводи Реал Мадрид во мечот против Мајорка, а во случај на неуспех ќе ѝ ја остави титулата на Барселона, која има седум бодови повеќе на три кола пред крајот.

Анчелоти, сепак, вечерва во дуелот против Мајорка не може да смета на 12 ѕвезди, а сега се појави и списокот на фудбалери кои не се во конкуренција за натпреварот.

„Кралевите“ вечерва не можат да сметаат на Лунин, Лукас Васкез, Алаба, Карваал, Милитао, Рудигер, Менди, Чуамени, Камавинга, Винисиус, Родриго и Брахим Дијаз.

Standings provided by Sofascore