
Сите во Барселона одлучиле: Утре нема да се слави титулата
Каталонците шампиони можат да стана и уште вечерва ако Реал Мадрид не ја победи Мајорка.
Сепак, се очекува титулата да биде обезбедена утре кога играат против градскиот ривал, Еспањол на гостински терен.
Иако навивачите секако се пресреќни поради доминацијата на својот клуб во текот на сезоната, сега ги дочека едно непријатно изненадување. Имено, тренерот Ханси Флик во договор со раководството донел одлука Барселона да не ја слави титулата на теренот на Еспањњол.
Без разлика што со победа математички ќе бидат шампиони во Барселона најверојатно нема да слават и брзо ќе си заминат од теренот во соблекувалната.
Причината се сцените од пред две години кога Барселона исто така на стадионот на Еспањол ја обезбеди титулата. Тогаш навивачите на големиот ривал влегоа на теренот и направија големи нереди. Во Барселона стравуваат од уште едно такво сценарио, па затоа веруваат дека најдобро е да не слават на теренот на ривалот.
Фото: FC Barcelona/FB