Аморим на чекор од рекорд на Фергусон во Манчестер јунајтед

Рубен Аморим во својата прва сезона на клупата на Манчсестер јунајтед успеа да дојде до финалето од Лига Европа каде што ги чека Тотнем, додека во Премиер лигата одиграа сезона под сите очекувања.

Сега Португалецот е на чекор да сруши и еден негативен рекорд на легендарниот Сер Алекс Фергусон.

Манчестер јунајтед веќе осум натпревари во низа во првенството не знае за победа и ако не слави против Челси в петок од 21:15 часот, Аморим ќе го прескокне Фергусон кој со „црвените ѓаволи“ најдолго без победа беше на седум натпревари.

Последната победа Манчестер јунајтед ја забележа на 16 март против Лестер со резултат од 3-0. Од тој натпревар беа поразени од: Нотингем форест, Њукасл, Вулверхемптон, Брентфорд и Вест Хем, а освоива по бод во пресметките со Бормут и Манчестер сити.

Фергусон со Манчестер јунајтед на седум натпревари без победа беше од 19 септември до 21 ноември во 1992 година кога неговите избраници одиграа пет нерешени средби со Тотнем, Миделсброу, Квинс Парк Ренџер, Ливерпул и Блекбурн, а беа поразени од Вимблдон од Астон Вила. Серијата ја прекинаа со триумф над Олдам атлети код 3-0.

Фото: Manchester United/FB