Крај на сезоната за најдобриот играч на Бостон

Бранителот на титулата Бостон Селтикс до крајот на оваа сезона ќе биде без својот најдобар играч Џејсон Тејтум.

Тој доживеа повреда пред крајот од четвртиот дуел против Њујорк, а прегледите ги потврдија најлошите прогнози - скината Ахилова тетива поради што веќе му е извршена операција. За вакви повреди, а особено хируршки зафати е предвидена повеќе месечна пауза, па јасно е дека Тејтум нема да може повеќе да му помогне на Бостон оваа сезона.

Селтикс во моментов имаат негатива од 1-3 во серијата со Њујорк и ќе им треба чудо за да се пласираат во конференциското финале.